Во денешниов начин на живот, сите се судираме со ризици, рутини, награди, непознати нешта и комплексни работи, кои, за да бидат добро завршени, бараат ангажирање на добра адвокатска фирма која ќе им помогне на нашите клиенти да го најдат вистинскиот пат низ правните патишта и можности.

За да можеме на нашите клиенти да им обезбедиме најдобра правна помош, ние сме подготвени и вршиме длабински истражувања на правните состојби и можности, вршиме консултации и даваме совети, сe со цел да сме сигурни дека проектираната вредност е остварена.

Секоја деловна трансакција бара добар план, пресметан ризик и анализа на отворените опции и извори, секако во согласност со позитивната законска регулатива и посебните прописи за заштита на конкуренцијата, финансиите, даноците, правата од работниот однос, како и заштита на индустриската сопственост.

Затоа, нашата услуга ја фокусираме на следново:

» длабински истражувања
» општи консултации и совети, правни мислења и соодветни
  услуги од областа на:
 
1.
  Приватизации
 
2.
Трговско право
 
3.
Основање, спојување и раздвојување на Трговски друштва
    и други форми на организација
 
4.
Банкарско право
 
5.
Странски инвестиции
 
6.
Концесии
 
7.
Облигациони односи
 
8.
Склучување на договори
 
9.
Корпоративно право
 
10.
Заштита на индустриската сопственост
 
11.
Заштита на конкуренцијата
 
12.
Хипотеки и рачни залози
 
13.
Стечај и ликвидации
 
14.
Работни односи
 
15.
Осигурување

Нашиот стремеж за заштита на човековите права го остваруваме преку секојдневно застапување на нашите клиенти пред судовите и другите институции во сите сфери од граѓанското и кривичното право.

Посебен интерес обрнуваме на заштита на правата на жртвите на трговија со луѓе, како вид на модерно ропство на денешницата.

Адвокатското друштво ТРПЕНОСКИ има широка мрежа на соработници, експерти од различни области и реномирани специјализирани агенции, кои можеме да ги препорачаме на нашите клиенти заради целосна заштита на нивните интереси и исполнување на нивната цел.

Соработката со нашите клиенти ја вршиме на македонски и англиски јазик, а по потреба обезбедуваме превод на сите светски јазици, преку реномирани овластени преведувачи, кои на наше барање вршат и симултан превод на состаноци и едукации.

Имаме одлична соработка со овластените проценители, нотари и извршители.