Роден на 11 Октомври 1990 година во Скопје каде го заврши основното и средното образование.

Дипломираше на Правниот Факултет “Јустинијан Први” при Државниот Универзитет “Свети Кирил и Методиј” во Скопје во Јуни 2012 година.

Од Октомври 2012 година е запишан на Мастер студии по Деловно право на Правниот Факултет “Јустинијан Први” при Државниот Универзитет “Свети Кирил и Методиј” во Скопје.

Во Септември 2012 година стана дел од Адвокатското друштво ТРПЕНОСКИ каде што започна со своето стручно усовршување во областа на правото.

Во Мај 2014 година стана магистер по правни науки од областа на деловното право.

Во Јули 2015 година положи правосуден испит.

Во Октомври 2015 година стана адвокат во Адвокатското друштво ТРПЕНОСКИ.

Негово поле на интерес се Деловното право, Меѓународното приватно право и Финансиското право.

Потпретседател на младинската невладина организација Совет на Млади Власи од Македонија и има учествувано на мноштво семинари во земјите од Европската Унија од областа на правата на малцинствата ширум Европа.

Течно говори англиски и има познавања од француски и шпански јазик.

Tel. ++ 389 23 229 807, ++ 389 23 214 866
e-mail: aleksandar.penovski@adtrpenoski.com.mk