Родена е на 15.11.1978 год. во Скопје, каде го завршила основното и средното образование.

Дипломирала на Правниот факултет “Јустинијан први” при Државниот универзитет ” Св. Кирил и Методиј” во Скопје во Декември 2002 година, на отсекот правни студии. Адвокатска пракса обавува од Април 2003 година. Правосудниот испит го положила во Април 2005 година, од Јуни 2006 година е член на Адвокатската комора на Република Македонија и моментално работи како адвокат во Адвокатско друштво ТРПЕНОСКИ. Член е на Извршниот одбор на Адвокатско друштво ТРПЕНОСКИ. Именувана е за овластено лице за заштита на лични податоци во Адвокатско друштво ТРПЕНОСКИ.

Учесник е на повеќе семинари од областа на граѓанско право, стопанско право, меѓународно право, а посебно од областа на трговските друштва и работните односи. Учествувала на семинар организиран од Здружение на правници во период од 05-07/11/2009 г. во Охрид теми поврзани со Законот за сопственсот и други стварни права, Закон за катастар на недвижности и Законот за трговските друштва. Учествувала на семинар организиран од Здружение на правници во период од 13-15/05/2010 г. во Струга теми поврзани со Законот за трговските друштва и Законот за работните односи. Учествувала на семинар организиран од Здружение на правници во период од 21-23/10/2010 г. во Охрид теми поврзани со Законот за работните односи. Учествувала на семинар организиран од Здружение на правници во период од 20-22/10/2011 г. во Охрид тема Оствраување и заштита на правата од работен однос и здравствено осигурување во приватниот и јавниот сектор. Учествувала на семинар организиран од Здружение на правници во период од 10-12/05/2012 г. во Охрид теми поврзани со измените на Законот за парничната постапка и Законот за извршување, Законот за работните односи, Законот за здравствената заштита и Законот за здравственото осигурување. Учествувала на семинар организиран од Стопанска Комора на Република Македонија во период од 05-09/12/2013 г.во Будимпешта советување на тема поврзана со Законот за работните односи и Законот за безбедност и здравје при работа. Во 2006, 2008 и 2009 година учествува во изготвување на дуе дилигенце при продажбата – спојување на значајни светски компании.

Посебен предмет на интерес и претставуваат Стопанското право, Граѓанското право, Работните односи како и Трговското право. Таа лично застапува повеќе граѓански предмети, особено од областа на работните односи, трговското право каде што до сега покажала голем успех и минатата година сите работни спорови и спорови од областа на Законот за трговските друштва што ги водеше за повеќе клиенти, успешно ги заврши во корист на клинетите. Одговорена е за одделението за платни налози во Адвокатското друштво. Во таа насока ја организира и контролира работата за давање на навремена и ефикасна правна заштита на повеќе клиенти кои се реномирани компании во Република Македонија. Застапува домашни и странски физички и правни лица пред судовите и другите органи во Р. Македонија, давајќи максимална професионална заштита на правата и интересите на клиентите во секој конкретен склучај. Има поведено повеќе постапки за заштита на човековите права пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Република Франција. Одговорена е за одделот по работни односи, трговско право, наследно и семејно право, сектор странци – вработување и слично, здравствено, пензиско и социјално осигурување, надомест на штети и осигурувања во Адвокатското друштво. Активно го владее англискиот јазик.

Tel. ++ 389 23 229 807, ++ 389 23 112 365;
e-mail: biljana.miloshevska@adtrpenoski.com.mk