Родена е на 25.07.1992 година во Свети Николе, каде го има завршено основното и средно образование.

Дипломираше на Правниот факултет во Скопје при Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје во Јуни 2013 година.

Како активен член на ЕЛСА за време на студиите, била учесник на Летната школа во Виена за алтернативни начини за разрешување на спорови; на Еx-Yu Конференцијата во Будва за граѓанската непослушност како едно од основните човекови права; на Летна школа за арбитража во Женева и во Загреб на Конференција за слобода на говор.

Во Jуни 2013 година била учесник на Летната школата при Меѓународниот Институт за човекови права и мир во Каен,Франција.

Во Септември 2013 година стана дел од Адвокатското друштво ТРПЕНОСКИ каде што започна со своето стручно усовршување во областа на правото.

Во Април 2016 година, успешно ги заврши магистерските студии од областа на граѓанско материјално и процесно право на Правниот факултет во Скопје при Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје со просечен успех 9,5 и се стекна со звањето Магистер по право.

Правосудниот испит го положи во Мај 2017 година.

Во Јуни 2017 година стана адвокат во Адвокатското друштво ТРПЕНОСКИ.

Посебен предмет на интерес и претставува граѓанско право.

Активно владее англиски, француски и италијански јазик.

Tel. ++ 389 23 229 807, ++ 389 23 214 866
e-mail: bojana.paneva@adtrpenoski.com.mk