Роден на 01. 11. 1971 година во Охрид. Живее во Скопје, каде го завршил основното образование и гимназијата “Јосип Броз Тито”, културолошка насока.

Дипломирал на Правниот факултет при Државниот универзитет ” Св. Кирил и Методиј” во Скопје во септември 1999 година, правосудна насока.

Адвокатска пракса обавува од март 2000 година.

Правосудниот испит го положил во декември 2003 година и повеќе од 2 години работел како стручен соработник кај адвокат Јован Трпеноски.

Од октомври 2005 година е член на Адвокатската комора на Република Македонија и моментално работи како адвокат во Адвокатското друштво ТРПЕНОСКИ.

Тој е делегат на Основната адвокатска заедница во Собранието на Адвокатска комора на Република Македонија Скопје.

Член на Извршниот одбор на Адвокатско друштво ТРПЕНОСКИ.

Поседува Сертификат издаден од страна на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации на РМ за пристап и увид во документи класифицирани според Законот за безбедност на класифицирани информации со степен “строго доверливо”.

Во 2009 година бил учесник на семинар за имплементација на законот за малолетничка правда, а завршил обука за постапување со малолетници согласно Законот за малолетничка правда.

Во 2012 година успешно ја завршил задолжителната базична обука за новиот Закон за кривична постапка во организација на Академијата за судии и јавни обвинители на РМ и ОБСЕ – Мисијата во Скопје.

Во 2013 година бил учесник на семинар за имплементација на Законот за експропријација и Законот за градење.

Во март 2013 година бил учесник на за имплементација на Законот за експропријација и Законот за градење организиран од здружението на правници на Република Македонија.

Во мај 2013 зема активно учество во работата на Здружението на земјоделие и прехрамбена индустрија при Стопанската комора на РМ за имплементација на Законот за приватизација и откуп на земјоделско земјиште.

Во ноември 2013 година зема активно учество во Форумот за обновливи извори на енергија организиран од USAID, Winrock international, International Finance Corporation и Стопанска комора на РМ.

Учествува во работата на Здружението на странски инвеститори при Стопанската комора на РМ како претставник на повеќе друштва кои се регистрирани како странски инвестиции во Република Македонија.

Учествува во работата на Здружението на Британски инвеститори во Република Македонија.

Посебен предмет на интерес му претставуваат Кривичното право, Стопанското право, а во Адвокатското друштво ТРПЕНОСКИ се занимава со правните работи од сферата на Телекомуникациите, Енергетиката, Рударството, Градежништво и Јавните набавки.

Во областа на Енергетиката за сметка повеќе меѓународни клиенти е вклучен во реализација на проекти од областа на енергетската ефикасност која ја спроведува Владата на Република Македонија согласно Законот за енергетика за изградба на постројки од обновливи извори на енергија (ветер соларна енергија, гас и биомаса и мали хидроцентрали)

Во областа и рударството има успешно учествувано во подготовката, изработката и застапување на меѓународни клиенти најчесто од земјите на ЕУ и тоа на меѓународни јавни повици објавени од страна на Владата на Република Македонија за добивање на концесии од областа на истражување на минералните суровини и експлоатација на минералните суровини. Исто така има учествувано и на повеќе тендери објавени од страна на Агенцијата за електронски комуникации на РМ со клиенти од земјите на ЕУ за различни видови на концесии и јавни набавки.

Во последните години, во корист на повеќе домашни и странски клиенти чија дејност е градежништво и производство на градежни материјали има успешно водено повеќе предмети пред надлежните судови на Република Македонија во сите инстанци, во кои вкупните побарувања кои се наплатени изнесуваат милиони евра.

Застапува голем број домашни и странски, физички и правни лица пред судовите и другите органи во Република Македонија, давајќи максимална професионална заштита на правата и интересите на клиентите во секој конкретен случај.

Застапува повеќе светски реномирани компании кои се водечки во своите области и тоа во телекомуникациските услуги, банкарскиот сектор, природните ресурси, прехрамбената индустрија и сл.

Активно го владее англискиот јазик, а има познавања и од францускиот јазик.

Tel: ++ 389 23 229 807,

e-mail: darko.nikodinovski@adtrpenoski.com.m