Роден на 27. 01. 1983 година во Радовиш, каде го има завршено основното и средното образование.
Дипломирам на Правниот факултет во Скопје при Универзитетот “Кирил и Методиј” во Скопје во ноември 2006 година, на отсек правни студии.
По дипломирањето, од август 2007 година до јули 2009 година обавува пракса во Адвокатско друштво ТРПЕНОСКИ.
Правосудниот испит го положил во февруари 2010 година, а од јули 2010 година е член на Адвокатската комора на Република Македонија и моментално работи како адвокат во Адвокатско друштво ТРПЕНОСКИ.
Посебен предмет на интерес му претставуваат Граѓанското право, Стопанското право, Трудово право, како и Кривичното право.
Учесник е на повеќе семинари од областа на граѓанско право и стопанско право.
Во октомври 2007 посетуваше обука на адвокати за меѓународниот кривичен трибунал на поранешна Југославија и спецификите на судската процедура од гледна точка на адвокатот на одбраната, организирана од страна на Адвокатската комора на Република Македонија.
Во текот на 2010 година посетувал работилници организирани во врска со казнената одговорност на правните лица и посебните истражни мерки особено измените во кривичното законодавство во делот на тајно набљудување, следење и визуелно – тонско снимање на лица и предмети со технички средства.
Тој е делегат на Основната адвокатска заедница во Собранието на Адвокатска комора на Република Македонија Скопје.
Посветен во обезбедувањето на високо квалитетни и сеопфатни правни услуги, застапува поголем број на предмети од областа на банкарско кредитирање, софтверски инжинеринг и телекомуникациските услуги.
Застапува домашни и странски физички и правни лица пред судовите и другите органи во Република Македонија, давајќи максимална професионална заштита на правата и интересите на клиентите во секој конкретен случај.
Во изминативе години, има успешно завршено во корист на клиентите на Адвокатското друштво ТРПЕНОСКИ повеќе предмети кои се водени пред судовите во Република Македонија, во кои вкупните побарувања се од значителен обем, во областа на градежништвото, прехрамбената индустрија и мобилната телефонија.
Активно го владее англискиот јазик.

Tel. ++ 389 23 229 807, ++ 389 2 3214866
e-mail: dimce.dimov@adtrpenoski.com.mk