Родена е на 17. 04. 1967 година во Охрид. Од 1975 година живее во Скопје, каде го има завршено основното и средно образование.

Дипломирала на Правниот факултет во Скопје при Универзитетот “Кирил и Методиј” во Скопје во Април 1990 година, на правосудната насока, со среден успех 8, 57 (максимална оценка 10).

По дипломирањето, од Септември 1990 година до Мај 1992 година обавувала пракса во Окружното јавно обвинителство Скопје.

Во Мај 1992 година, запишана е во Именикот на адвокатските приправници при Адвокатската комора на Република Македонија.

Правосудниот испит го положила во Јуни 1995 година, а од Јули 1995 година е член на Адвокатската комора на Република Македонија и моментално работи како адвокат во Адвокатското друштво ТРПЕНОСКИ.

Со Решение на Адвокатската комора на Република Македонија од 17. 11. 2005 година, таа е основач на Адвокатското друштво ТРПЕНОСКИ, како посебен правен субјект, во согласност со Законот за адвокатура, заедно со Адвокатот Јован Трпеноски и Адвокатот Дејви Давидовски.

Адвокатот Наташа Трпеноска Тренчевска е овластено лице за застапување на Адвокатското друштво ТРПЕНОСКИ, како Претседател на Извршниот одбор на Адвокатското друштво.

Основач е и Претседател на Здружението на жени правници на Република Македонија ТЕМИС Скопје.

Претседател е на Надзорниот одбор на АД Жито Лукс Скопје.

Запишана е на листата на постојани Арбитри при Постојаниот избран суд Арбитража при Стопанска комора на Република Македонија за спорови со домашен и меѓународен елемент.

Таа е делегат на Основната адвокатска заедница во Собранието на Адвокатска комора на Република Македонија Скопје, член на Институтот на директори и поранешен Дисциплински обвинител при Адвокатска комора на Република Македонија Скопје и член на Комисијата за соработка со странски адвокатски и правни организации при Адвокатската комора на Република Македонија.

Била учесник во семинари за Европско право во Солун, Грција, во рамките на Центарот за обука за европско право за правници од Балканот и земјите од Југоисточна Европа за Европско право, во 1998, 1999 и 2000 година.

Посетувала и завршила обука за земјите од Југоисточна Европа против трговија со луѓе, во Вашингтон, САД, во Април и Мај 2004 година.

Завршила обука за Градење на мрежи на соработка меѓу земјите од Југоисточна Европа против трговијата со луѓе, во Вашингтон, САД, во Април 2004 година.

Завршила обука за Трговија со луѓе – ропство на модерното време, во Њујорк, САД, во Април 2004 година.

Во Декември 2012 година, беше учесник на Денови на Хрватската арбитража кои се одржаа во Загреб, Хрватска.

Таа е учесник и предавач на повеќе семинари организирани од страна на Стопанската комора, Комората на странски инвеститори, други невладини организации, од областа на корпоративното управување, работните односи и стопанско право.

Континуирано е предавач, модератор и учесник на повеќе семинари и обуки во актвиностите на Адвокатската комора на Република Македонија, Здружението за кривично право и криминалистика како и други здруженија самостојно и во соработка со повеќе домашни институции и меѓународни организации.

Била организатор, предавач, модератор и учесник на повеќе семинари и обуки во активностите на Здружението на жени правници ТЕМИС Скопје, самостојно и во соработка со повеќе меѓународни организации.

Поседува Диплома за завршена обука за бизнис менаџмент на англиски јазик.

Поседува Сертификат издаден од страна на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации на РМ за пристап и увид во документи класифицирани според Законот за безбедност на класифицирани информации со степен “Државна тајна”.

Посебен предмет на интерес и претставуваат Стопанското право, Банкарското право, Телекомуникациите, Трговското право, особено во делот за странски инвестиции, како и Работните односи, организацијата и преструктурирањето на друштва.

Со промените на начинот на практицирање адвокатура, Наташа Трпеноска Тренчевска сé повеќе се грижи за непречено, континуирано и квалитетно давање на адвокатски услуги на нашите клиенти.

Таа успешно го менаџира работењето на адвокатското друштво, кое сега веќе брои околу 15 адвокати кои се запишани во Адвокатската комора на Република Македонија и овозможува ова Адвокатско друштво да може да излезе во пресрет на различните барања на адвокатите преку посебна обука и усовршување на адвокатите кои се вработени во АД ТРПЕНОСКИ.

Начинот на работа на Адвокатското друштво е прилагодено на состојбите на пазарот.

Но, менаџирањето на Адвокатското друштво не е и не може да биде единствена обврска.

Така, таа секојдневно присуствува на редовни состаноци со клиентите, зема активно учество во настаните од областа на правото, креира и контролира документација од областа на корпоративното и договорното право.

Но, секако ќе се сложите дека судниците се најголем предизвик за адвокатите во смисла на професионалното надмудрување. Така таа лично застапува повеќе стопански предмети, каде побарувањата се однесуваат на износи во милиони евра. Само минатата година, успешно заврши во корист на клиентот повеќе предмети кои се водеа пред судовите во сите инстанци во земјава, вклучувајќи го и Врховниот суд, во кои вкупните побарувања беа повеќе десетици милиони евра.

Оваа година, покрај другите судски постапки, таа е вклучена и во одбрана на клиенти и во кривични предмети кои предизвикуваат најголем интерес на јавноста.

Одговорна е за одделот за заштита на конкуренција, арбитража и медијација, менаџмент, корпоративно право, М&А и due diligence во Адвокатското друштво.

Активно го владее англискиот јазик.

Tel: ++ 389 23 296 465,

e-mail: natasha.trpenoska@adtrpenoski.com.mk