Роден на ден 11. 03. 1986 година во Скопје каде го завршил основното и средно образование.

Во 2008 година дипломирал на Правниот факултет “Јустинијан I” Скопје – отсек правни студии со среден успех 9.2.
По дипломирањето, во 2009 година работи во помошното тело на Државната изборна комисија на Република Македонија за спроведување на локалните и претседателските избори како правник и координатор на државната изборна комисија со општинските изборни комисии.


Од април 2009 до септември 2009 година волонтира во Основниот суд Скопје II – Скопје.
Од октомври 2009 година до април 2012 запишан е во Именикот на адвокатски приправници при Адвокатската комора на Република Македонија. Приправничкиот стаж го поминува во Адвокатско друштво ТРПЕНОСКИ.


Правосудниот испит го положил во декември 2011 година. Со решение од 23. 03. 2012 година запишан е во Именикот на адвокати при Адвокатската комора на Република Македонија.
Моментално работи како адвокат при Адвокатско друштво ТРПЕНОСКИ.


Тој бил активен член на AEGEE Skopje – непрофитна и невладина студентска асоцијација на Европа. Во февруари 2007 година во Скопје учествувал на тренинг курсот за практични правни совети Do it yourself организиран од AEGEE Skopje.


Во март 2007 година учествувал во мониторинг за спроведување на Законот за слободен пристап до јавни информации, проект реализиран од Здружението на млади правници.
Во мај 2012 година земал учество на обуки за спроведување на законските измени во Кривичната постапка во Република Македонија, организирано од американската адвокатска комора.

ОД 2014 година е дел од проектот Проект на УСАИД за заштита на човековите права спроведуван од Македонското здружение на млади правници и дле од Групата за стратешко застаување на предмети од областа на азилот (SLAG) раководена од Македонското здружение на млади правници.


Посебен предмет на интерес му претставуваат Граѓанското право, Меѓународно право и Човекови права, арбитража, Финансово право, осигурување, странски инвестиции.
Одлично го владее англискиот јазик.

Tel. ++ 389 23 229 807, ++ 389 23 214 866
e-mail: orce.ivanoski@adtrpenoski.com.mk