Радован Шанцлиќ

Роден на 12.02.1986 година во Скопје, каде го има завршено основното и средното образование.
Дипломирал на Правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје при Универзитетот “Кирил и Методиј” во Скопје во февруари 2009 година, на отсек правни студии- граѓанско правна група.
По дипломирањето, започнува со пракса во адвокатска канцеларија, потоа и во Апелациониот суд Скопје на граѓанскиот оддел, а од октомври 2010 година стекнува практични знаења во Адвокатско друштво ТРПЕНОСКИ.
Правосудниот испит го положил во октомври 2013 година, од Декември 2013 година член е на Адвокатската комора на Република Македонија и моментално работи како адвокат во Адвокатско друштво ТРПЕНОСКИ Скопје.
Посебен предмет на интерес му претставуваат Граѓанското право, Стопанското право и Управното право.
Учесник е на неколку семинари од областа на граѓанско право и стопанско право.
Посветен во обезбедувањето на високо квалитетни и сеопфатни правни услуги, застапува поголем број на предмети од областа на банкарско кредитирање, осигурувањето, телекумуникациските услуги, спорови од областа на авторското право како и спорови за надомест на материјална и нематеријална штета
Застапува физички и правни лица пред судовите и другите органи во Република Македонија, давајќи максимална професионална заштита на правата и интересите на клиентите во секој конкретен склучај.
Активно ги владее Српскиот јазик и Англискиот јазик, а има и солидни познавања од Францускиот јазик.

Tel. ++ 389 23 229 807, ++ 389 23 214 866
e-mail: radovan.shanclik@adtrpenoski.com.mk