Тамара Тренчевска е родена на 8 ноември 1993 година во Скопје каде го заврши основното и средното образование. Дипломираше на Правниот Факултет “Јустинијан Први” при Државниот Универзитет “Свети Кирил и Методиј” во Скопје во Септември 2015 година. Од Октомври 2015 година е запишана на Мастер студии по Финансии и финансово право на Правниот Факултет “Јустинијан Први” при Државниот Универзитет “Свети Кирил и Методиј” во Скопје кога и стана дел од Адвокатското друштво ТРПЕНОСКИ каде што започна со своето стручно усовршување во областа на правото.

Од октомври 2016 до април 2017 година беше член на тимот на Правниот факултет Јустинијан I кој се натпреваруваше на елитниот натпревар по трговско право Willem C. Vis Moot во Виена, Австрија – симулација на спор пред арбитражен суд.

Во септември 2017 година го одбрани својот магистерски труд на тема “Програмите на Групацијата на Светската банка и реформата во деловното опркужување во земјите во транзиција и во земјите во развој” при Правниот факултет Јустинијан I во Скопје.

Нејзино поле на интерес се Деловното право, Граѓанското право и Финансовото право. Член е на хуманитарни и други меѓународни организации.

Течно говори англиски, германски, италијански и шпански јазик.

Tel. ++ 389 23 229 807, ++ 389 23 214 866
e-mail: tamara.trenchevska@adtrpenoski.com.mk