Родена е на 06. 03. 1983 година во Скопје, каде го завршила основното образование и средното економско – правно училиште “Васил Антевски Дрен”.
Дипломирала на Правниот факултет “Јустинијан Први” при Државниот универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, во јуни 2006 година, на отсекот правни студии.
Адвокатска пракса обавува од септември 2006 година, најпрво како волонтер во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, а од септември 2007 година започнува со адвокатската пракса во Адвокатското друштво ТРПЕНОСКИ.
Правосудниот испит го положила во февруари 2009 година, а од март 2009 година е член на Адвокатската комора на Република Македонија и моментално работи како адвокат во Адвокатското друштво ТРПЕНОСКИ.
Посебен предмет на интерес и претставуваат Граѓанско право, Стопанско право, Работните односи, како и Кривичното право.
Во декември 2009 година посетува семинар на тема “Малолетничка Правда – постапување со малолетници”, добива сертификат и се стекнува со правото да застапува малолетници.
Во периодот од 15. 12. 2010 година до 15. 09. 2011 година активно работеше во својство на надворешен соработник во голема компанија во РМ која со својата дејност учествува со над 50% на пазарот во земјата. Нивната заедничка цел е успешно да ги надминат правните ризици и негативните последици кои би можеле да настанат во друштвото, разгледуваат и применуваат различни типови на сценарија од светски примери за подобрување и балансирање на рејтингот на компанијата, и се стремат кон минимизирање на потенцијалните негативни влијанија кои би можеле да настанат поради брзите промени во правнот систем.
Таа зема активно учество во организирање на Собранија на акционери, преку подготовка на сите потребни материјали и процедури па се до презентирање на истите.
Во октомври 2011 година зема учество на семинар организиран од Здружение на правници во период од 20 до 22. 10. 2011 година, одржан во Охрид, на тема Остварување и заштита на правата од работен однос и здравствено осигурување во приватен и јавен сектор.
Во декември 2013 година посетува семинар на тема: начин на обезбедување на потреба од работници и сезонски работници во трговските друштва, нов променет договор пред отказ, отказ на договорот за вработување со отказен рок и без отказен рок, суспензија на работнкот, годишен одмор – стекнување и начин на користење, платено отсуство, дневен и неделн одмор, празници, слободни денови, исплата на дневници и службени патувања, сторители на штета, видови на штета и надомест на штета, отказни рокови, минимални отказни рокови, паричен надоместок наместо отказен рок, синдикално организирање на вработените во трговските друштва, прекувремена работа, основни обврски на работодавачот согласно Законот за безбедност при работа, кој се одржа во Будимпешта, Унгарија, во организација на Стопанска Комора на Македонија.
Активно говори англиски јазик.

Tel. ++ 389 23 296 467
e-mail: jelena.sazdovska@adtrpenoski.com.mk