Родена е на ден 27.08.1984 година во Пробиштип, каде и завршила основно и средно образование.


Дипломирала на Правниот факултет во Скопје при универзитетот Кирил и Методиј во Скопје во јуни 2008 година, отсек правни студии со просечен успех 9.00.
Почнувајќи од февруари 2010 година следи настава на магистерските студии по МБА
-Менаџмент на Економскиот факултет при универзитетот Кирил и Методиј во Скопје.
Адвокатската пракса извршува од октомври 2008 година во други адвокатски канцеларии и од септември 2009 година во Адвокатско друштво ТРПЕНОСКИ.
Правосудниот испит го има положено во октомври 2011 година. Член е на адвокатската комора на Република Македонија од декември 2011 година и моментално работи како адвокат во Адвокатското друштво ТРПЕНОСКИ.


Била учесник на семинари за Деконструкција на Балканските стереотипи во Брашов,
Романија во периодот од 25-29 Август 2003 година, има присуствувано на советување на тема Примена на законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство– Академија на судии и јавни обвинители 01.03.2016 г., Скопје, oбука на тема “Директна и индиректна дискриминација” – Академија на судии и јавни обвинители, OSCE-2015 г., Скопје, oбука на тема “Дискриминација во судска постапка и преминување на товарот на докажување” – Академија на судии и јавни обвинители, OSCE – 08 – 10.06.2015 г., Охрид. Учествувала во проектот организиран од Светската банка – Doing Business – 2013 г., 2014 г., 2015 г., има посетувано напредни обуки за новиот ЗКП – Предистражна постапка – Академија на судии и јавни обвинители; OSCE – Скопје, советување за најновите измени на член 94 од Законот за работни односи и влијанието на отказот на договорот за вработување по вина на вработениот и поради лични причини на вработениот, работно време, годишен одмор, траење на годишниот одмор, право на годишен одмор и пропорција на годишен одмор, исцрпување на правото на одмор, штрајк од перспективата на работодавачот, законски штрајк, можност за извршување на работа непредвидена во договорот за вработување, плата и додатоци на плата– Стопанска комора на Република Македонија 23-25 јануари 2014 година, Хотел АД Империјал Палас, Солун, Р. Грција, задолжителен напреден тренинг за приоритет во новиот ЗКП – Академија на судии и јавни обвинители, Министерство за правда на САД, ОПДАТ, Амбасада на САД, Скопје, Стејт департмент, Биро за меѓународни наркотици и спроведување на законите, Иницијатива за владеење на правото и Адвокатската комора на Република Македонија, учествувала во работилница на тема Меѓународно трговско право/трговски спорови со меѓународен елемент, Скопје 2 – 4 декември 2013 – организирана од TAIEX во соработка со Академијата на судии и јавни обвинители, Хотел Арка, Скопје, 16 октомври 2013, зела учество на Третата конференција за интелектуална сопственост во фармацевтската индустрија – улогата на интелектуалната сопственост во здравствените системи, 19 ноември 2012, во периодот од 25 – 27 октомври 2012 ја посетувала обуката за основни адвокатски вештини во судењата по новиот ЗКП, исто така и на семинарот организиран од Адвокатската комора на САД – Иницијатива за владеење на правото во Република Македонија, 04 – 06 мај 2012 година: Практична примена за висината на кривичната санкција – алатка за навремено и ефективно применување на новиот Закон за кривичната постапка, била дел од Денови на кариерата, AIESEC, Универзитет Св. Кирил и Методиј – семинар за развој на кариерата, април 2008 и е член на Црвениот Крст во Пробиштип, проект: Помагање на децата со пречки во развојот.


Посебен предмет на интерес и претставуваа граѓанското право, стопанското право, трговското право, работните односи и казненото право.
Застапува домашни и странски физички и правни лица пред судовите и другите органи во Р. Македонија, давајќи максимална професионална заштита на правата и интересите на клиентите во секој конкретен случај.


Посветенa во обезбедувањето на високо квалитетни и сеопфатни правни услуги, застапува поголем број на предмети од областа на банкарско кредитирање и телекомуникациските услуги, како и во сите постапки пред Централниот регистар на РМ.
Активно го владее англискиот јазик.

Tel. ++ 389 23 229 807, ++ 389 23 214 866
e-mail: jovana.mitrovska@adtrpenoski.com.mk