Драги колеги, клиенти, пријатели!
Чест ми е да Ве известам дека на 1 Јануари 2017 година постигнавме 25 години од постоењето на Адвокатско друштво ТРПЕНОСКИ!
Со цел да го обележиме и прославиме овој значаен јубилеј, годината 2017 ќе биде исполнета со низа активности кои ќе допринесат да ги задржиме одличните односи со сегашните клиенти, да воспоставиме нови, да вложиме во едукацијата и усовршувањето на колегите, но и на младите правници кои сеуште не го заокружиле своето образование!
Ќе се трудиме да го поттикнеме растот и достоинството на оваа значајна професија и да допринесеме кон целосно зголемување на владеење на правото!
Деталите за активностите ќе следат!
Честит јубилеј на сите членови на тимот на Адвокатско друштво ТРПЕНОСКИ!

IUS EST ART BONI ET AEQUI

ПРАВОТО Е УМЕТНОСТ НА ДОБРО И ПРАВИЧНО

IUSTITIA REGNORUM FUNDAMENTUM

ПРАВДАТА Е ТЕМЕЛ НА ДРЖАВАТА

IUSTITIA SINE PRUDENTIA MULTUM POTERIT, SINE IUSTITIA NIHIL VALEBIT PRUDENTIA

ПРАВДА БЕЗ МУДРОСТ НЕ МОЖЕ МНОГУ, А МУДРОСТ БЕЗ ПРАВДА НЕМА ДА ВРЕДИ НИШТО

IUS PUBLICUM PRIVATORUM PACTIS MUTARI NON PROTEST

ЈАВНОТО ПРАВО НЕ МОЖЕ ДА СЕ МЕНУВА ВРЗ ОСНОВА НА ПРИВАТНИ ДОГОВОРИ

IUSTITIA EST CONSTANS ET PERPETUA VOLUNTAS IUS SUUM CUIQUE TRIBUENDI

ПРАВЕДНОСТА Е ПОСТОЈАНА И НЕПРЕКИНАТА ВОЛЈА НА СЕКОГО ДА МУ СЕ ДАДЕ НЕГОВОТО ПРАВО

Добредојдовте во Адвокатското друштво ТРПЕНОСКИ

Веќе 25 години им служиме на интересите на нашите клиенти, како добро квалификувана, ефикасна, лојална и високо професионална фирма.

Внимателно одбраниот кадар, посебните обуки и стручните знаења направија од нас лесно препознатливо адвокатско друштво, кое, на наше задоволство, клиентите без двоумење го одбираат за правен застапник и советник, сигурни дека овде кај нас ќе добијат вистински совет и максимална заштита на своите права.

Наш стремеж е да ги споделиме вредностите кои ние ги цениме и да ја обавуваме својата професија со посебен дигнитет и достоинство.

На овие страници ќе дознаете нешто повеќе за нас.

Со најдобри желби,
Адвокат Наташа Трпеноска Тренчевска

Приправници

Адвокати

Случаи