Роден е на 23.11.1935 година во Охрид, каде го завршил основното и средното училиште.

Дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот “Кирил и Методиј” во Скопје во Септември 1959 година, со среден успех 8.00 (максимална оценка 10). За време на студирањето бил стипендист на Сојузното јавно обвинителство на СФРЈ и Републичкото јавно обвинителство.

Правосудниот испит го положил во Септември 1963 година.

По дипломирањето, засновал работен однос во Општинското јавно обвинителство Охрид, каде работел како Основен јавен обвинител сe до 1974 година.

Од 1974 година до 1984 работи како Окружен јавен обвинител во Скопје; во 1984 година именуван е за Јавен обвинител на Македонија.

Во 1989 избран е за член на Владата на Република Македонија и Министер за внатрешни работи на Република Македонија.

Од Јануари 1992 година запишан е во именикот на адвокати при Адвокатската комора на Република Македонија и основал адвокатска канцеларија ТРПЕНОСКИ, заедно со ќерката Наташа Трпеноска – Тренчевска.

Со Решение на Адвокатската комора на Република Македонија од 17.11.2005 година, тој е основач на Адвокатското друштво ТРПЕНОСКИ, како посебен правен субјект, во согласност со Законот за адвокатура, заедно со Адвокатот Наташа Трпеноска Тренчевска и Адвокатот Дејви Давидовски.

Во периодот од 1998 до 2002 година, од страна на Собранието на Република Македонија именуван е за член на Анкетната комисија за човекови права при Собранието на Република Македонија.

Во периодот од 1983 до 1992 година, претседава со Здружението на кривично право и криминологија.

Бил организатор, предавач, модератор и учесник на повеќе семинари и обуки организирани од страна на Сојузното и Јавното обвинителство на Република Македонија, како и Сојузниот суд на СФРЈ, во соработка со повеќе домашни институции.

Во Ноември 2002 година, од страна на Собранието на Република Македонија именуван е за член на Државната комисија за спречување на корупција со мандат од 4 години, а во 2004 година избран е за Претседател на Државната комисија за спречување на корупција со мандат од 1 година. Како член на Државната комисија за спречување на корупција, и во соработка со повеќе домашни институции и меѓународни организации бил организатор, предавач, модератор и учесник на повеќе семинари и обуки.

Како водич и делегат, активно учествува во соработката на Република Македонија со соодветните институции во Франција, Италија, Романија, Хрватска, Естонија, Србија, Бугарија и Албанија за преземање на превентивни мерки за спречување на корупцијата.

Посебен предмет на интерес му претставуваат Кривичното право и Заштита на човековите права. Поради своето долгогодишно искуство и професионален ангажман, во професионалните кругови во Република Македонија признат е за одличен познавач на Кривичното право.

Од Mај 2009 година тој е пензиониран, мегутоа сеуште е активен во јавноста преку многубројни интервјуа како за локалните, така и за националните медиуми, давајќи го своето професионално мислење за актуелните теми од политичкиот и правниот живот во Република Македонија и светот.

Tel. ++ 389 23 229 807

e-mail: trpenoskijovan@gmail.com
jovan.trpenoski@adtrpenoski.com.mk